Три нови драмски текста избрани за пичинг-форумот „Драмолетање 2.0“ на 60. МТФ Војдан Чернодрински – Прилеп

Новите драмски текстови „Сингл“ од Катерина Момева, „Трудници“ од Габриела Стојаноска Станоеска и „Летај Исак, не застанувај“ од Мартин Миљев се избрани од жирито на пичинг-форумот „Драмолетање 2.0.“ што се реализира во рамките на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Тие се избрани меѓу 13. пристигнати на конкурсот што беше распишан во октомври минатата година.

Наградените автори ќе учествуваат на пичинг-форумот што ќе се одржи за време на 60. јубилејно издание на фестивалот, од 5 до 12. јуни 2026 во Прилеп. Нивните драми ќе бидат објавени и во електронско издание „Драмолетање 2.0“.

Текстовите ги оценуваше жири во состав: м-р Милош Б. Андоновски – театарски режисер и наставник, Русе Арсов – продуцент и програмски директор на МОТ, Јасмина Василева – актерка и магистер по културолошки студии.

Релевантност, оригиналност и продукциска вредност беа трите зададени параметри за оценување на пристигнатите текстови.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести