Категорија: мај 16, 2026

Се запали автобус после патарината Отовица, патниците излегле навреме

Автобус се запалил после велешката патарина Отовица. Патниците излегле навреме и нема повредени. „Денеска во 16:20 часот примена е дојава за запален автобус после патарина Отовица на автопатот Велес – Скопје. Територијална против пожарна единица (ТППЕ) Велес излезе на лице место со едно противпожарно возило и четири пожарникари спасители. По

Прочитај повеќе

Родителите на загинатите во “Пулс“ за првпат маршираа во Виница, побара одговорност од инсититуциите за неизвршени контроли во објектот

Денешниот „Марш за ангелите“ за првпат се одржа во Виница. На протестот, родителите и роднините на загинатите во пожарот во Кочани, побараа одговорност од институциите, чија што обврска било да ја контролираат работата на „Пулс“. „Каде биле инспекторите на Дирекцијата за заштита и спасување, чија законска должност е да проверуваат

Прочитај повеќе

Автомобил удрил во две жени, возачот побегнал, ама МВР го пронајде

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на 15.05.2025 во 18:47 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје било пријавено дека на улицата „Радишанска“ во  Скопје, патничко возило „фиат пунто“ удрило во 31-годишната С.М. и 27-годишната М.Ш., двете од Скопје, а возачот го напуштил местото на настанот. Во несреќата

Прочитај повеќе

Мерките за пониска акциза и намален ДДВ за горивата продолжени до 1. јуни

На вонредна седница Владата денеска ги продолжи мерките за пониска акциза и намален ДДВ на горивата до 1. јуни. „Мерките насочени кон ублажување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните продолжуваат со примена до 1. јуни 2026 година. Овие мерки се соодветен одговор на економските предизвици и

Прочитај повеќе

Дел од денешната програма на Виноскоп се преместува за утре поради најавените врнежи

Поради најавените врнежи и од безбедносни причини, дел од дневната програма на фестивалот Виноскоп во Скопје се преместува за утре, информираа организаторите. Денешната програма продолжува попладне во Градски парк. Од 17 часот настапува DJ Bela, во 19:30 часот публиката ќе има можност да ужива во настапот на Мијата, од 21:30

Прочитај повеќе

12-годишно девојче испраќало експлицитни фотографии и видеа под закана од друг малолетник

Мајка од Скопје пријавила во Министерството за внатрешни работи (МВР) дека нејзината 12-годишна ќерка испраќала експлицитни фотографии и видеа, под закана од друг малолетник. „На 13.05.2026 во 12:30 часот во СВР Скопје, 35-годишна жена од Скопје пријави дека во периодот од март 2026 до денот на пријавата, нејзината 12-годишна ќерка

Прочитај повеќе

Три нови драмски текста избрани за пичинг-форумот „Драмолетање 2.0“ на 60. МТФ Војдан Чернодрински – Прилеп

Новите драмски текстови „Сингл“ од Катерина Момева, „Трудници“ од Габриела Стојаноска Станоеска и „Летај Исак, не застанувај“ од Мартин Миљев се избрани од жирито на пичинг-форумот „Драмолетање 2.0.“ што се реализира во рамките на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Тие се избрани меѓу 13. пристигнати на конкурсот што беше

Прочитај повеќе

Возиме со срце-бидејќи семејството е моторот кој нѐ движи

По повод 15 мај – Меѓународниот ден на семејството, СОС Детско село и Мото клуб „Вепар“ организираа мото дефиле низ Скопје, испраќајќи порака за важноста на семејството во развојот на секое дете. Дефилето започна од Градскиот парк, со учество на повеќе од 100 моторџии и поддржувачи, кои направија кружна рута

Прочитај повеќе

(Фото) „Декада на трансформации“ го исполни Сули Ан со уметност, емоции и незаборавна атмосфера

Вчера вечер, во Сули Ан, официјално беше отворена изложбата „Декада на трансформации“ на уметникот Бојан Ковски и фотографот Бојан Стоилковски, проект што се одбележа десет години творештво на Ковски во областа на body-art уметноста и визуелната трансформација. Настанот привлече голем број посетители, уметници, јавни личности и љубители на современата уметност,

Прочитај повеќе

Зошто работадавачите не можат да најдат вработени, а има невработени

72% од работодавачите не можат да најдат соодветен кадар, а 220 милиони луѓе бараат работа, вели Дејзи Илариа, која работи како регрутер на кадри, меѓу кои и за големи компании како Филипс и Пејпл. „Менаџерите се зафатени за да најдат капитал, ангажирани се да фатат чекор со новото време на

Прочитај повеќе

РИ Енергоинститут купи нови 2.241 акции на РЖ Услуги

Од РЖ Услуги АД Скопје преку Македонската берза информираа дека акционерот – друштвото за енергетика РИ Енергоинститут ДООЕЛ Скопје купил 2.241 обични акции на РЖ Услуги. РИ Енергоинститут сега поседува вкупно 292.585 обични акции или 18,62% од вкупниот број на акции на РЖ Услуги.  ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Енергоинститут купи нови 5.458

Прочитај повеќе

Спречен пожарот кој можеше да зафати стотици викендици, кај штипското село Селце

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов информираше дека пожарот во штипско, кој заради ветерот се доближил до викендиците во селото Селце, е ставен под контрола. „Голема благодарност до сите пожарникари, кои со надчовечки напори успеаја да ја стопираат линијата на огнот, која ме загрижи, бидејќи постоеше голема

Прочитај повеќе

Мајката на судијата Ѓоко Ристов уплатила 400.000 евра за станови во изградба-на денешното рочиште објавени прислушувани разговори

На денешното судско рочиште против апелацискиот судија Ѓоко Ристов, беа пуштени прислушувани разговори од посебни истражни мерки (ПИ-мерки), меѓу Един Шеапи и Али Арифи, татко на двајца обвинети во предметот „Ориент“, кој опфаќа обвиненија за злосторничко здружување, проституција, неовластено држење дрога и перење пари. Според Обвинителството, разговорите биле прибавени поради сомневања

Прочитај повеќе

(Видео) Играниот филм „17“, во режија на Косара Митиќ, е македонски кандидат за Оскар

Долгометражниот игран филм „17“, во режија на Косара Митиќ и во продукција на „Црна Мачка Продукција“, е избран за македонски кандидат за наградата Оскар, во категоријата најдобар меѓународен долгометражен филм. Одлуката ја донесе Комисијата за избор на национален кандидат за Оскар при Друштвото на филмските работници на Македонија, чиј состав

Прочитај повеќе

Ќе се затворат ли границите: Остануваат правилата за влез и излез во Шенген за превозниците од Западен Балкан

Од Европската комисија (ЕК) денеска информираа дека остануваат правилата за влез и излез на транспортерите од Западан Балкан во Шенген зоната, односно тие може да престојуваат 90 дена во рок од 180 денови. Од таму посочуваат дека европската администрација била свесна дека транспортерите се соочувале со проблеми, а потсетуваат и

Прочитај повеќе

Нова капитална инвестиција на Пивара Скопје: Катна гаража вредна 2,8 милиони евра

Инвестицијата обезбедува над 400 паркинг места и значително ги унапредува условите за работа, безбедноста и идниот развој на компанијата. Пивара Скопје ја пушти во употреба новата катна паркинг гаража, инвестиција вредна 2,8 милиони евра, која обезбедува повеќе од 400 паркинг места и ја подобрува пристапноста и сообраќајната организација во рамки

Прочитај повеќе
  • Најчитани вести

  • Најчитани вести