12-годишно девојче испраќало експлицитни фотографии и видеа под закана од друг малолетник

Мајка од Скопје пријавила во Министерството за внатрешни работи (МВР) дека нејзината 12-годишна ќерка испраќала експлицитни фотографии и видеа, под закана од друг малолетник.

„На 13.05.2026 во 12:30 часот во СВР Скопје, 35-годишна жена од Скопје пријави дека во периодот од март 2026 до денот на пријавата, нејзината 12-годишна ќерка под закана преку мобилна апликација испраќала експлицитни фотографии и видеа на малолетник.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести