Автобус се запалил после велешката патарина Отовица. Патниците излегле навреме и нема повредени.
„Денеска во 16:20 часот примена е дојава за запален автобус после патарина Отовица на автопатот Велес – Скопје.
Територијална против пожарна единица (ТППЕ) Велес излезе на лице место со едно противпожарно возило и четири пожарникари спасители.
По пристигнување на лице место пожарот е затекнат во развиена фаза, но благодарение на брзата интервенција на нашите колеги пожарот за брзо е ставен под контрола и потоа целосно изгаснат.
Во акцијата нема повредени,“ информираа од ТППЕ Велес.
Фото: Unsplash














