Денешниот „Марш за ангелите“ за првпат се одржа во Виница. На протестот, родителите и роднините на загинатите во пожарот во Кочани, побараа одговорност од институциите, чија што обврска било да ја контролираат работата на „Пулс“.
„Каде биле инспекторите на Дирекцијата за заштита и спасување, чија законска должност е да проверуваат противпожарна безбедност и опасни материјали? Каде биле градежните инспектори кога во објектот се вршеле интервенции, пренамени и вградување токсични и леснозапаливи материјали? Каде биле инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, кои требало да утврдат дали објектот воопшто ги исполнува условите за работа?
Каде бил Државниот инспекторат за труд, кој имал обврска да контролира безбедност и заштита при работа во објект полн со луѓе? И најважно — како е можно со години никој од нив да не констатира дека во затворен јавен објект има полиуретански сунѓер кој при пожар испушта смртоносен водороден цијанид?
А денес? Денес речиси секој си ги набројува обврските што не ги исполнил, но секогаш со ист изговор: „не добил наредба“, „не бил надлежен“, „друг требало да постапи“, „не му било во опис на работа“. Неверојатно е како во оваа држава секој знае што не направил ама никој не чувствува одговорност за последиците,“ праша Тања Коцева, мајка на загинатата Ана од Виница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најголем дел од загинатите во „Пулс“ починале од задушување со јаглерод моноксид
Инспекторка кажа оти не го контролирала “Пулс“ оти работел под нова фирма
Меѓу повредените и 20 деца: 157 лица по пожарот во „Пулс“ биле со тешки телесни повреди
Фото: Архива/Игор Бансколиев














