Најголем дел од загинатите во „Пулс“ починале од задушување со јаглерод моноксид

На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани, Основното јавно обвинителство започна со презентирање на материјални докази.

Од Обвинителството ги презентираа наодите изготвени од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, кои покажуваат, како што е познато уште пред стартот на судењето, дека околу 50 од загинатите починале како резултат на насилна смрт – односно од задушување од труење и интоксикација од јаглерод моноксид.

Четири лица пак според наодите починале од притисок врз градниот кош, а три поради недостаток на воздух и кислород во околната средина.

Обдукцијата кај три лица кои починале во текот лекувањето, покажала дека тие починале поради акутна слабост на белите дробови од интоксикација од јаглероден моноксид, а кај едно поради изгореници од трет степен на главата и телото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ниту еден сведок денеска не се појави на судењето за пожарот во „Пулс“

Во врска со сведоците кои не се појавија на последните рочишта, од Обвинителството информираа дека се уште нема повратна информација за достапноста на едниот сведок, кој требаше да сведочи денеска, а за други двајца сè уште не е завршено вештачењето за нивната подготвеност да сведочат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меѓу повредените и 20 деца: 157 лица по пожарот во „Пулс“ биле со тешки телесни повреди

Газда Деко најверојатно останува во затворски притвор

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести