Газда Деко најверојатно останува во затворски притвор

Првообвинетиот во случајот за пожарот во Кочани, газдата на т.н. дискотека “Пулс“, Дејан Јованов Деко, останува во притвор во затворот во Куманово.

На денешното рочиште неговата одбрана повторно побара тој да оди во куќен притвор, на чие барање досега од Основното јавно обвинителство не одговорија.

Како што е познато неговата одбрана тврди дека неговото здравје било влошено, а денеска до Судот доставија и дополнителна медицинска документација.

Од Обвинителството посочија дека ќе се произнесат писмено дополнително за барањето, бидејќи била доставена нова медицинска документација, но и најавија дека мислењето ќе биде негативно, бидејќи затворскиот лекар рекол дека терапијата што ја прима, може да ја добива и во затвор.

За притворот на крај треба да одлучи Основниот кривичен суд.

На повторното барање, регираа родителите на загинатите во пожарот кои порачаа: „Пуштете го, ние ќе му пресудиме“.

Барање за укинување на притвор поради влошена здравствена состојба побара и одбраната на обвинетите Беким Хаџиу и Тодор Јованов, а одбраната на обвинетиот Шабан Салиу, информираше дека поднеле писмен предлог за укинување на една од петте мерки за претпазливост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меѓу повредените и 20 деца: 157 лица по пожарот во „Пулс“ биле со тешки телесни повреди

Најголем дел од загинатите во „Пулс“ починале од задушување со јаглерод моноксид

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести