СДСМ ја напушта работата за Изборниот законик, останува во Собранието

Опозициската СДСМ останува во македонското Собрание, а поради укинувањето на техничката влада, процес кој е веќе во собраниска процедура, ја напушта само работата во работната група за Изборниот законик, информираше денеска лидерот на партијата, Венко Филипче.

Иако партијата пред неколку месеци беше за укинување на техничката влада, сега според него, не биле созреани условите истата да се укине, а посочи и дека без неа неможело да се гарантираат фер и демократски избори и најави дека СДСМ ќе ги искористела сите демократски методи.

Токму измените на Изборниот законик е една од 10. критични точки од реформите кои треба да ги спроведе Македонија до јуни за да не остане без пари од Планот за раст на Европската унија. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Техничката влада нема да се укине за следните избори

Заминува ли техничката влада во историјата?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести