Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на 15.05.2025 во 18:47 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје било пријавено дека на улицата „Радишанска“ во Скопје, патничко возило „фиат пунто“ удрило во 31-годишната С.М. и 27-годишната М.Ш., двете од Скопје, а возачот го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ш, а со телесни повреди С.М., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Подоцна МВР информираше дека полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го пронашле возилото и возачот.
Возилото „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки и возачот И.П. (50) биле пронајдени на улицата „Мак Диздар“ во Скопје.
-Со возачот е обавен службен разговор и за настанот известен е дежурен јавен обвинител од ОЈО Скопје, по чии насоки возилото е привремено одземено, а по целосно документирање на предметот ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.
Фото: Унсплеш














