На повидок е решение за македонските и професионалните возачи од регионот кои поради работа ќе патуваат во Хрватска.
Имено, хрватскиот Сабор усвои измени на Законот за странци со кои се отвора можност за специјални долгорочни визи за професионалните возачи од регионот.
Оваа треба да биде решение за нивниот повеќегодишен проблем со дозволениот престој во Шенген зоната.
Швајцарија пак веќе издава долгорочни визи за транспортерите.
Дали оваа решение ќе го следат и другите членки на Зоната, останува да видиме.
Да потсетиме дека поради овој проблем изминатиов период превозниците од регионот протестираа и ги блокираа граничните премини.
Со новиот систем за влез и излез од Зоната (ЕЕС), но и порано, правилото за престој во истата од 90 дена за период од 180 денови им создаваше голем проблем на транспортерите од регионот.
Фото: Унсплеш














