Пионерите на ФК Македонија Ѓорче Петров се нови шампиони на Македонија во генерацијата 2009, откако официјално заврши сезоната 2025/2026 во сите четири младински фудбалски лиги.
Тие успеаја да ја одбранат титулата и втора сезона по ред се шампиони.
Во текот на сезоната освоија вкупно 77 бодови, постигнаа 115 голови, а примија 25.
Пред нив претстои уште еден голем предизвик – финалето од Купот на Македонија, кое е закажано за почетокот на јуни.














