Во македонското Собрание денеска беше изгласан Законот за задолжување за општи буџетски потреби, во износ од 260 милиони евра.
За истиот гласаа 65 пратеници, “против“ беа 14, а еден беше “воздржан“.
Парите ќе се користи за општи буџетски потреби, за финснсирање на капиталните инфраструктурни проекти, како и за враќање на старите долгови на државата, меѓу кои и на еврообврзницата од 700 милиони евра, земена во 2020 година.
Каматата ќе биде варијабилна, пресметана врз основа на шестмесечниот ЕУРИБОР, зголемен за 2,1%.
Земјава ќе се задолжи кај КфВ Ипекс банк ГмбХ, Банко Билбао Визкаја Аргентарија, Ерсте гроуп бханк АГ, АКА Аусфухкредит-Гезелшафт мбХ и Мерил Линч интернатионал.
Рокот за отплата е седум години, на девет еднакви полугодишни рати, со вклучен грејс-период од три години.
Заемот ќе се повлече во една транша согласно роковите и условите утврдени во Договорот.
Македонија ќе им плати на заемодавачите еднократна провизија во износ од 1,4% од износот на заемот, а на агентот на заемодавачите ќе му плаќа 12.500 евра провизија годишно.
Опозицијата беше против оваа задолжување.
Фото: Унсплеш














