Во акција на Управата за финаниската полиција и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска се приведени неколку лица.
Како што информираа од Финаниската полиција во рамки на акцијата имало претреси на домови, деловни простории и на лица на повеќе локации.
Од таму не кажуваат за каква акција станува збор, но велат дека акцијата произлегувала од “предистражна постапка насочена кон откривање и документирање на повеќе кривични дела од областа на финансискиот криминал и корупцијата, за кои постојат основи на сомнение дека се извршени од службени лица и други лица кои го искористиле своето влијание, општествена положба и углед со цел стекнување противправна имотна корист од големи размери“.
Неофицијално повеќе медиуми објавија дека станува збор за акција за злоупотреба при тендер на Царинската управа.
Засега нема други официјални информации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И Стефан Богоев меѓу приведените во акцијата на Финаниската полиција
Фото: Богоев/Фејсбук














