Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на 02.06.2026 година во 15:30 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје било пријавено дека на улицата ,,Бутелска“ во Скопје, товарно возило „фиат дукато“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Р. (31) од Скопје, удрило во 17-годишен пешак од Скопје.
Во несреќата со телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски“ во Скопје.
По инцидентот жителите на Бутел и на Расадник најавија протест за поголема сообраќајна безбедност.
Фото: Унсплеш













