По Самитот во Тиват, Мицкоски оптимист за евроинтеграциите

Премиерот Христијан Мицкоски се врати со оптимизам од Тиват, каде што присуствуваше на Самитот ЕУ-Западен Балкан.

„Мојот оптимизам се темели на тоа што јас бев единствениот од земјите од Западен Балкан што имаше билатерални состаноци со францускиот претседател Макрон и гемранскиот канцелар Мерц и точно знам што се зборуваше на тие состаноци. Знам што ќе следи во периодо пред нас.

Дел од планот подразбира затворање одредени кластери, тоа значи почеток на преговори. На самите состаноци ја пренесов сета политика и тоа што зборуваме изминатиов период. Од соговорниците добив одговири на дел од дилемите и кога ќе го имаме сето ова во предвид, оттаму доаѓа мојот оптимизам и инспирација. Значи не е точна тезата дека се потребни измени на договори за да може овој план да биде функционален,“ изјави Мицкоски.

За нон-пејперот подготвен од Германија и Франиција, премиерот објаснува дека “тој документ и таа реформа овозможуваат механизам со кој што ќе имаме право на поголемо користење на одредени алатки и тоа никако не е во конфликт со проширувањето, тоа се паралелени процеси.“

„Ова е еден процес, а проширувањето си останува друг процес. Почести сосотаноци кои што нема да бидат веќе на ниво на самити ЕУ-Западен Балкан два пати годишно, еднаш во јуни, еднаш во декември, од она што успеав да заклучам е дека ќе имаме најмалку два пати месечно такви состаноци, што секако е добро да можете со луѓето кои одлучуваат да разговарате, да креирате разни политки и да ја градите иднината заедно,“ додаде Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Мицкоски на средбата со Макрон и Дер Лајен во Тиват разговарал и за уставните измени

Фото/Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести