БЕСТ Скопје организира Летен академски курс за UI/UX дизајн

Дали си подготвен да научиш како се дизајнираат апликации кои ги воодушевуваат корисниците? – БЕСТ Скопје организира летен академски курс за UI/UX дизајн насловен „Designing Digital Experiences: Why Some Apps Feel Amazing”.

Ако си амбициозен студент кој сака да открие како се создаваат апликации што корисниците едноставно ги сакаат? Сакаш да го поминеш летото учејќи од најдобрите, додека истовремено стекнуваш нови пријателства и незаборавни спомени? Ако твојот одговор е „да“, тогаш што чекаш? Пријави се веднаш!

БЕСТ Скопје (Борд на Европски Студенти по Технологија) е проактивна, неполитичка и непрофитна организација водена од студенти, која веќе 24 години работи на подобрување на студентското искуство и промовирање на студентската визија. Зад нашето името стојат други успешни и познати настани: Саемот за Вработување и Кариера, Хакатон, Симпозиум за Едукација и многу други. Како интернационална организација сме една од 85те активни членки и настаните кои ние ги организираме ги презентирааме на конференции ширум цела Европа.

ЛАК (Летен Академски Курс) е настан кој нуди цврсти теоретски практични знаења во областа на UI/UX дизајнот и креирањето на дигитални производи. Зад академскиот дел од курсот стојат професорите од ФИНКИ, кои преку интерактивни предавања и работилници ќе ти го пренесат нивното знаење! 🦾

Но, она што го прави овој настан навистина интересен и возбудлив е интернационалниот дух и културната размена! Твојата работа на реални проекти ќе ја споделиш со амбициозни студенти од цела Европа, со кои заедно ќе ги истражувате тајните на корисничката психологија и дизајн процесите кои водат до беспрекорни дигитални решенија. На крајот од курсот ќе се оди на до Струга каде што студентите ќе имаат можност да видат и искусат нов дел од државата. 🪄

Пријави се на *линк* и те очекуваме од 06.07.2026 до 10.07.2026 во просториите на ФИНКИ!

Рокот за пријавување е до 20.06.2026!

За повеќе информации заследи нè на социјалните мрежи:

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести