Информацијата дека неименувана членка на Европската унија (ЕУ) ја блокирала бугарската монета од 2 евра посветена на бугарската азбука, предизвика голем интерес и во Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вето од членка на ЕУ за Бугарија за монетата од 2 евра посветена на бугарската азбука
Истата требаше да биде пуштена во промет периодов, а како што пишуваат европските медиуми, причината е што кирилицата ја преставува како бугарска азбука.
На неименувата земја членка на ЕУ не и се допаднало тоа што Бугарија кирилицита си ја преставува како дел од бугарското културно наследство, па поднела приговор.
Советот на ЕУ одби да открие која држава ја оспорила монетата, а од таму само посочуваат дека станува збор за „многу чувствителен процес на донесување одлуки“ и дека објавувањето на деталите би можело да влијае врз постапката.
Се шпекулира дека станува збор за Словачка, која веќе има издадено евро монети со Св. Кирил и Методиј, која како и Чешка, како што е познато од порано, не се согласува со тоа што Бугарија си ги присвојува придобивките на словенските просветители.
Бугарија на 1. јануари годинава го воведе еврото и стана 21. членка на еврозоната.
Фото: Унсплеш













