Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) повикува поранешни припадници на полицијата, армијата и противпожарните единици за организирано учество во гаснењето на претстојните пожари на отворен простор и шумски пожари.
Потребни се кандидати со најмалку петгодишно полициско, армиско или пожарникарско искуство, да се здрави и во добра психофизичка кондиција соодветна на нивната возраст, независно дали се во пензија или од други причини ја напуштиле службата.
Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов изјави дека нивните ангажмани ќе се однесува на три позиции – возачи на специјалните противпожарни возила, оператори на противпожарните пумпи вградени во овие возила, како и оператори со противпожарни водни ранци и метли.
Платата која може да ја заробатат за три месеци во текот на летото е 2.150 евра, а работното време ќе биде флексибилно, во зависност од состојбата на терен.
Во однос на подготвеноста за гаснење на пожарите летово, Ангелов додаде дека сме засилени со најмалку стотина нови пожарникари примени изминатите две години и со повеќе од 35 противпожарни возила.
Вчера се случи посериозен пожар во Штип, кога од удар на гром настана пожар над ридовите на населбата Ново Село, и поради ветерот брзо се прошири и се доближи до куќите.
Во интервенцијата учествувале 20 пожарникари од Територјалната против пожарна единица (ТППЕ) Штип со четири возила, 10 членови на Доброволното противпожарно друштво Штип со четири возила, како и екипи од Кочани со две возила и шест пожарникари и екипа од Свети Николе.
Дополнително, во гаснењето помогнале и 12 доброволни пожарникари со сопствени теренски возила.
Фото: Unsplash













