Зелено светло за измените на Законот за игри на среќа: Кои се новите правила

Македонското Собрание вчера во прво читање ги изгласа измените на Законот за игри на среќа.

За нив „за„ гласаа 59 пратеници, а девет беа „против“.

Со измените меѓу друго казината повеќе не смеат да бифат лоцирани поблиску од 500 метри од училиштата.

Исто така се забранува рекламирањето на излозите на коцкарниците, како и на рекламите со кои коцкањето се претставува како начин за постигнување личен успех или за брза заработка.

Секој апарат ќе мора да има задолжителен систем за локација, односно GPS, со цел тековна контрола од страна на Управата за јавни приходи.

Лиценците пак нема да можат да се мултиплицираат, а се воведуваат и нови финансиски давачки за отворање на уплатно-исплатни места.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести