Lidl го започнува караванот за вработување – првата станица е Штип

Во рамки на кампањата за вработување „Добра игра. Фер плеј“, Лидл Северна Македонија започнува со реализација на караван кој во текот на јуни ќе посети шест градови низ државата, информираат од таму.

Првата средба со заинтересираните кандидати ќе се одржи утре, 16. јуни, во 11.00 часот во „Штип Сити Мол“ во Штип.

Преку караванот, заинтересираните кандидати ќе имаат можност да се информираат за отворените работни позиции во логистичкиот центар на Lidl во Куманово, како и во идните маркети на компанијата ширум земјата. Претставници на компанијата ќе бидат достапни за разговор со кандидатите, ќе одговараат на нивните прашања и ќе ги запознаат со процесот на аплицирање, условите за работа и можностите за професионален развој.

По првиот настан во Штип, караванот продолжува на 17. јуни во Струмица, во „Симбол ретаил парк“, потоа на 18. јуни на градскиот плоштад во Гевгелија, кај фонтаната, на 19. јуни во Куманово во „Плаза Мол“, како и на 20. јуни во Скопје, во „Ист Гејт Мол“. Караванот ќе заврши на 22. јуни во Струга, кај хотелот „Дрим“.

-Со караванот за вработување, Лидл Северна Македонија продолжува да го гради својот тим во земјава, нудејќи им на кандидатите можност да станат дел од една од водечките малопродажни компании во Европа и пошироко. Компанијата нуди јасен и структуриран процес на вработување, како и сеопфатна обука за сите нови вработени.

Како дел од голем меѓународен малопродажен синџир, Лидл Северна Македонија на своите вработени им обезбедува сигурна и стабилна работна средина, јасни можности за учење и напредување, како и низа дополнителни придобивки, велат од таму.

Повеќе информации за отворените работни позиции и процесот на аплицирање се достапни на интернет страницата jobs.lidl.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести