По информацијата дека САД и Иран постигнале прелиминарен договор за завршување на војната, очекувано цената на нафтата падна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД и Иран постигнаа мировен договор
Цената на нафтата брент, по која се одредува цената на горивата и во Македонија, забележа пад од 4% на 84 долари за барел.
Договорот, кој треба да биде потпишен во петок во Женева, Швајцарија, меѓу друго предвидува и целосно отварање на Ормускиот теснец, кој не функционираше целосно и кој беше главната причина за раст на цената на нафтата изминативе месеци.
Сепак, светските аналитичари се внимателни како понатаму ќе се движи цената на нафтата, бидејќи многу детали од договорот не се познати, не е офцијално познато кога целосно ќе биде отворен Теснецот, колку време ќе биде потребно за обнова на нафтените полиња на Блискиот Исток, и кога тие ќе почнат да работат со целосен капацитет…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зошто е значаен Ормускиот теснец
Фото: Унсплеш












