САД и Иран постигнаа прелиминарен мировен договор, а информацијата ја потврдија и двете земји, како и медијаторот – Пакистан.
Сите детали од договорот за кој се најавува дека ќе биде потпишан во петок во Женева, Швајцарија, засега не се официјално познати, а тоа што го потврдуваат трите страни е дека целосно ќе се отвори Ормутскиот теснец, чие нефункционирање донесе голема штета за земјите од Блискиот Исток, но и за целиот свет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зошто е значаен Ормутскиот теснец
Исто така треба да биде отстранета и американската блокада на иранските пристаништа.
Овие две работи треба да се случат по потпишувањето на договорот, а воените дејствија трајно треба да бидат прекинати од вечерва.
Договорот исто така предвидува и прекини на нападите на Израел на Либан, но тоа засега е неизвесно.
Засега не е јасно што ќе со случи со барањето на САД – Иран да се откаже од нуклеарната програма и да го ограничи вооружувањето, како и со санкциите за Иран.
Војната во Иран и на Блискиот Исток започна на 28. февруари откако САД и Израел ја нападнаа земјата.
Фото: Унсплеш












