Бесник Џемаили, кој е член на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), е новиот заменик-претседател на Антикорупциска.
На позицијата ќе остане шест месеци, а на истата дојде согласно принципот на ротација, со кој редоследот е утврден според азбучниот ред на презимињата на членовите на Антикорупциската комисија.
Беше избран едногласно од страна на членовите на ДКСК.
Мандатот на актуелната заменик-претседателка Софија Спасова Медарска и завршува на 18. август.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Софија Спасова Медарска, новиот заменик-претседател на Антикорупциска














