Која е Софија Спасова Медарска, новиот заменик-претседател на Антикорупциска

Софија Спасова Медарска е нов заменик-претседател на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Софија Спасова Медарска избрана за заменик-претседател на Антикорупциска

Таа доаѓа на местото на Цвета Ристовска, која неодамна поднесе оставка.

Спасова Медарска функцијата ќе ја врши шест месеци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила Софија Спасова Медарска, која е избрана за заменик-претседател на Антикорупциска

Koja e Спасова Медарска

Родена е во Скопје, во 1978 година.

Основното образование го завршила во Скопје, како и средното во гимназијата „Јосип Броз Тито“.

Дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот “Кирил и Методиј“ во 2002 година.

Активно владее со англиски, српски и хрватскиот јазик, а има основни познавања и од германскиот и италијанскиот јазик.

Работно искуство

Во периодот од ноември 2002 до септември 2003 година била приправник во Основниот суд Скопје 2 – Скопје.

Во периодот од септември 2003 година до септември 2004 година работела како приправник во Апелациониот суд во Скопје.

Во 2005 година го положила правосудниот испит.

Од септември 2005 година до септември 2008 година работела како стручен соработник во Основниот граѓански суд во Скопје.

Ја завршила обуката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во Скопје како слушател на втората генерација 2008/2009 година.

Во април 2010 година била избрана за судија на Основниот граѓански суд Скопје, каде работела како судија во Одделот за имотни спорови и во трговскиот оддел.

Била и ментор на слушателите на почетна обука во Академијата за судии и јавни обвинители од седмата и осмата генерација.

Таа е и предавач е на Академијата за судии и јавни обвинители од областите граѓанско процесно право, имотно-право, облигационо право и превентивни антикорупциски политики.

Како предавач на Академијата учествувала во изработка на Прирачник за правилно користење на литературниот македонски јазик во судско –обвинителските одлуки, како и во изработка на работни материјали наменети за обуките за идните судии и јавни обвинители.

Во декември 2023 година е именувана за член на Државната комисија за спречување на корупцијата од страна на македонското Собрание.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Цвета Ристовска, членката на Антикорупциска, која поднесе оставка

Каков имот пријавила Цвета Ристовска, која поднесе оставка од Антикорупциска

Каков имот пријавила претседателката на Антикорупциска, Димитровска, која е обвинета за „Адитив“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести