Која е Цвета Ристовска, членката на Антикорупциска, која поднесе оставка

Цвета Ристовска е вториот член на актуелниот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), која поднесе оставка.

На ваков чекор се одлучи откако ДКСК отвори два предмети за нејзе.

Во оставката меѓу друго вели дека во текот на целата професионална кариера работела законито, совесно и со најдобра намера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Членката на Антикорупциска, Цвета Ристовска, поднесе оставка

Еден од предметите се однесува на тоа дека во нејзиниот анкетен лист не ги пријавила маркетинг фирмите на синовите.

Другиот пак е отворен поради тоа што фирма на еден од нејзините синови добила пари во кампањата за претседателските избори во 2024 година.

Претходно оставка поднесе и претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила Цвета Ристовска, која поднесе оставка од Антикорупциска

Која е Ристовска

Родена е 07.04.1963 година.

Таа е дипломиран економист, а дипломирала на Економскиот факултет при Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј“.

Ристовска е и магистер по економски науки на Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје.

Поседува меѓународен сертификат за управување со ризик од корупција од Програмата за превенција на корупција на Овластениот институт за јавни финансии и сметководство (CIFRA), Лондон, Велика Британија.

Има и лиценца за вештачење од областа на заштита на авторски права, други сродни права и права
од интелектуална сопственост, уверение за проценувач на вредноста на капиталот на трговски друштва, јавни претпријатија и други правни лица, сертификат за проценувач на вредноста на капиталот на трговски друштва, јавни претпријатија и други правни лица, лиценца за вештачење од областа на материјалното, сметководственото и финансиското работење и уверение за овластен државен ревизор.

Работно искуство

Во ДКСК работеше од ноември 2023 година.

Претходно подолг период, од 2002 година, работела во Државниот завод за ревизија, како помошник на главниот државен ревизор за ревизија на субјекти од законодавната, извршната власт, претседателот, Буџетот на Македонија, одбраната, јавната безбедност и Народната Банка.

Била помошник на главниот државен ревизор за ревизија на субјекти од законодавната, извршната власт, органите на државната управа и јавни претпријатија кои вршат јавни работи, одбраната, јавната безбедност, судството, јавното обвинителство и државното правобранителство, политички партии и изборни процеси.

Таму работела и како советник на главниот државен ревизор за развој и стратешко планирање и развој на ревизијата, изработка на методолошки акти за вршење државна ревизија.

Работела и како самостоен ревизор во државна Ревизија, и како раководител на тим за ревизија на корисници фондовите и корисниците на средства на фондовите – Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Агенцијата за вработување, Судскиот Совет, судскиот буџет и корисниците на средства на судскиот буџет (судовите), Јавното обвинителство, јавните здравствени установи, и на единиците на локалната самоуправа.

Во државна Ревизија била и виш ревизор и раководител на тим за ревизија на фондовите и корисниците на средства на фондовите, и како ревизор за ревизија на министерствата за внатрешни работи, животна средина и просторно планирање, транспорт и врски, Агенцијата за иселеништво, Фондот за пензиско
и инвалидско осигурување, Агенцијата за вработување и на единиците на локалната самоуправа.

Во периодот од септември 2001 до септември 2002 година била финансиски менаџер во “Бопак Дооел“, увоз-извоз, Скопје, фирма за производство и сервисирање на машини за пакување.

Од март 1997 до септември 2001 година била раководител на финансии и сметководство во “Мегатрон“ експорт-импорт ДОО Скопје,

Од септември 1992 до септември 2001 година била раководител на финансии и сметководство
во Франс-Маседоан „Фра-ма„ Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила претседателката на Антикорупциска, Димитровска, која е обвинета за „Адитив“

Кој е Адем Чучуљ, кој е избран за нов претседател на Антикорупциска

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести