Друштво за трговија и услуги Промет стеел холдинг ДОО Скопје преку друштвото за услуги МГФ Инвестмент ДООЕЛ Скопје влегува во Македонијатурист АД Скопје.
Имено, од Комисијата за заштита на конкуренцијата информираа за концентрација со која Промет стеел холдинг, со седиште во скопски Сарај, ќе стекне единствена контрола над МГФ Инвестмент, која е еден од акционерите со над 5% од акциите во Македонијатурист, по пат на купопродажба на удел.
Приоритетна дејност на Промет стеел холдинг е трговија на големо со дрва, градежни материјали и санитарна опрема.
Станува збор за холдинг компанија која има три подружници во различни сектори (вадење на декоративен камен и камен за градежништвото, варовник, суров гипс, креда и шкрилци, трговија на големо со дрва, градежен материјал и санитарна опрема и управувачки дејности).
Има и две ќерќи фирми – друштво за транспорт трговија и услуги Стеел транс ДООЕЛ увоз-извоз
Скопје, со седиште во Сарај, за товарен патен транспорт и друштвото за производство, трговија и услуги Стил контрол ДООЕЛ Скопје, со седиште во Визбегово, Општина Бутел, која е регистрирана за други специјализирани градежни работи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зоран Антиќ со една фирма излезе, со друга влезе во Македонијатурист
МГФ Инвестмент е основано во 2025 година со регистрирана дејност – останати услужни дејности и се уште нема остварено деловна активност. Истата е основана од МГ Фешн ДОО увоз-извоз Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Поливерзум„ стана најголем акционер во “Македонијатурист“
Промедика излезе од Македонијатурист, не поседува повеќе акции таму
Ќе го купи ли државата хотелот “Јадран“ во Скопје?
Фото: Игор Бансколиев













