Македонскиот државјанин, Миско. Л. (43), кој неколку години живее и работи во Грција и официјално е осомничен од страна на грчкото Министерство за внатрешни работи за убиство на 45-годишната Ставрула Левендаки на грчкиот остров, Крит, јавува дописникот на еМагазин од Солун.
Како што е познато тој го призна убиството, и според полицијата, им покажал каде било закопано нејзиното тело.
Тој бил постанар во куќа на Левендаки, а како што пренесуваат грчките медиуми немал криминално досие.
На телото на убиената жена се уште не е направена обдукција. Беше пронајдено вчера, откако се водеше за исчезната околу три недели.
Освен признание на осомничениот, грчката полиција располага и со многу други докази, од сведоштва и телекомуникациски податоци за осомничениот, до лабораториски ДНК анализи и видео-материјал.
Осомничениот првично беше уапсен и задржан во полиција во рамки на друга кривична постапка за незаконско одгледување насад со марихуана.
Убиството на жената е топ тема во соседна Грција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонскиот државјанин и убиената Гркинка имале љубовна афера?
(Фото) Македонски државјанин убил 45-годишна жена на Крит
Фото: Унсплеш













