Помилувањата на поранешниот претседател Иванов не важат и се незаконски, одлучи Судот во Стразбур за жалбите на Талески, Јанакиески и Митровски

Пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Франција, не поминаа жалбите на поранешниот градоначалник на Општина Битола, Владимир Талески, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и Коста Митровски, поранешниот претседател на општинска изборна комисија во скопски Центар во предметот “Талески и другите против Северна Македонија“, кој произлезе од помилувањата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов за кривични постапки покренати од поранешното Специјално јавно обвинителство, а пред Судот го покрена Талески.

Од таму оценија дека државата имала право да ги поништи помилувањата на Иванов, бидејќи тие биле донесени без законска основа во период на политичка криза.  

Од Судот исто така утврдија дека нема повреда на правото на правично судење во делот на поништување на помилувањата и продолжување на кривичните постапки.

Исто така Судот отцени дека правата за фер судење биле прекршени за случаите на Јанакиески и Митровски, каде Апелациониот суд не им доставил поднесоци од Вишото јавно обвинителство.

Од таму нагласуваат дека секоја страна мора да има увид во сите документи за да може ефективно да се брани, а овој пропуст не бил исправен ниту во понатамошната постапка.

Тие од државата треба да добијат по 3.600 евра оштета за нематеријална штета и 64 евра вкупни трошоци. Сите останати барања за оштета се одбиени.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести