Расходите зголемени за 179 милиони евра: Ребалансот на Буџетот помина на Влада

Ребалансот на Буџетот помина на седница на Владата, информираше денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Со истиот расходниот од Буџетот дел се зголемува за околу 179 милиони евра, а од оваа сума 100 милиони евра ќе бидат за капитални инвестиции.

Вкупните приходи со ребалансот се ревидираат на 379,2 милијарди денари.

Како што посочи министерката, намалувањето на даночните приходи е резултат на пониската наплата од акцизи и корекциите кај ДДВ-то.

Таа посочи и дека неданочните приходи биле зголемени поради подобрата наплата на административните такси, концесиите и поефикасното користење на сопствените средства од страна на буџетските корисници.

Вкупните расходи пак се ревидираат на 425,2 милијарди денари.

Дополнителните средства во оваа ставка од Буџетот, како што кажа таа, ќе биле искористени и за земјоделски субвенции, поддршка на железничкиот сообраќај, спортот, подобрување на ученичкиот и студентскиот стандард, дополнителна поддршка за најранливите категории граѓани…

Капиталните проекции со ребалансот се проектирани на 46 милијарди денари, што е за 5,8 милијарди денари повеќе, или 14,5% во однос на иницијалниот Буџет.

Економскиот раст за годинава е проектиран да изнесува 3,5%, а инфлацијата 4,5%. 

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести