Вчера ненадејно на 58-годишна возраст почина градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски, кадар на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На 58-годишна возраст почина Јовица Илиевски, градоначалникот на Општина Брвеница
Кој беше Илиевски
Роден е на 03.05.1968 година во Тетово.
Основно образование завршил во родното село Челопек, а средното образование го продолжил во Училишниот медицински центар „Никола Штејн“ во Тетово.
Професионална и политичка кариера
Од 1999 до 2021 година работел во ЈЗУ Клиничка болница Тетово.
Во ноември 2021 година за првпат беше избран за градоначалник на Општина Брвеница.
По вторпат стана градоначалник на последните локални избори.
Беше и претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница.
Во периодот од 2013 до 2017 година беше член во Советот на Општината.
Беше активно вклучен и во областа на спортот и беше подржувач на голем број спортски настани.
Од 2001 до 2013 година бил дел од младите категории во рамки на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Од 2013 до 2021 година бил член во У21 младата репрезентација на ФФМ.
Од 2016 година беше подпретседател на Фудбалскиот сојуз Тетово.
Беше оженет и татко на две полнолетни деца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се старо-новите претседатели на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: Фејсбук/Илиевски














