Надворешниот долг на Македонија зголемен за 218 милиони евра, изнесува 4.8 милијарди евра

Податоците на Народната банка покажуваат дека на 31. март нето надворешниот долг на Македонија изнесува 4.804 милиони евра (или 26,2% од проектираниот БДП), при што бележи квартално зголемување од 218 милиони евра (4,8%), како резултат на поизразениот раст на бруто-долгот во однос на растот на бруто-побарувањата.

Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 68%.

Во текот на првиот квартал од 2026 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 259 милиони евра и изнесува 9.009 милиони евра, што претставува 49,1% од проектираниот БДП за 2026 година.

Повеќе инфо ОВДЕ.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести