Од Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид информираа дека од денеска, електронскиот систем за сообраќаен надзор „Безбеден град“, кој официјално стартуваше од 01.02.2026 година, постепено се воведува и на подрачјето на СВР Охрид.
-Денеска, по извршеното финално тестирање, стручни екипи ги ставија во функција безбедносни камери на автопатската делница кај Ново Село, Општина Дебрца.
Во наредниов период, се очекува проектот „Безбеден град“ да профункционира и на патниот потег помеѓу селата Горенци и Требеништа, на останатите пофрекфентни сообраќајници и на коридорите 8 и 10 на подрачјето на СВР Охрид.
Уредите се поставени, тие си уште не вршат санкционирање, бидејќи се наоѓаат во фаза на завршна техничка проверка и тестирање, велат од таму.
Фото: МВР














