Од 1 јули до 31. август се воведува забрана за движење во шумите и шумските подрачја, информираа од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Забраната е поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор.
Движење ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од страна на подружниците на Јавнто претпријатие „Национални шуми“ и Националните паркови, соодветно за подрачјето со кое управуваат.
За непочитување на забраната, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, ќе им биде изречена глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност.
Фото: еМагазин














