Вчера и денеска на неколку локации низ Македонија беа регистрирани неколку пожари на отворено.
Според Центарот за управување со кризи, денеска до 14 часот имало осум пожари, од кои три се активни, еден е под контрола, а четири се изгаснати.
Активни се пожарите во Општина Дебар во селото Гари, каде гори ниска вегетација и нискостеблеста мешана шума, во Општина Куманово, во населбата Перо Чучо, каде гори депонија и ниска вегетација, и во Општина Пехчево, каде гори депонијата.
Под контрола е пожарот во Општина Пласница, во селото Дворци, каде исто така гори депонија.
Фото: Игор Бансколиев














