Србија го враќа задолжителниот воен рок за мажи до 30 години

Од март следната година Србија го враќа задолжителниот воен рок за мажи до 30 години.

Истиот ќе биде во траење од 75 дена.

Информацијата ја соопшти српскиот претседател Александар Вучиќ, кој информираше дека во тек се бирократски процедури за тоа да се спроведе, пренесуваат српските медиуми.

Задолжителниот воен рок Србија го укина во јануари 2011 година. Истиот беше заменет со доброволно служење, со што земјата доби професионална војска.

Фото: Фејсбук/Вучиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести