Познати се и кандидатите за нови министри од владејачката Вреди.
Нов министер за култура и туризам ќе биде Седат Сулејмани, кој досега беше заменик-министер во ресорот. Тој доаѓа на местото на кадарот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Љутков.
Нов министер за односи меѓу заедниците ќе биде Агон Ферати, кој доаѓа на местото на Иван Стоилковиќ, лидерот на Демократската партија на Србите, кој ќе стане министер за локална самоуправа.
Јетон Шасивари пак ќе биде нов министер за правда, а доаѓа на местото на кадарот на ЗНАМ, Игор Филков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нема повеќе да има вицепремиер за добро владеење














