Пад на индустриското производство од 2% на годишно ниво

Индустриското производство во мај годинава е намалено за 2 проценти во однос на мај минатата година, додека во периодот јануари – мај годинава бележи пад од 0,3 проценти споредено со истиот период лани, објави Државен завод за статистика.

Во мај годинава, во однос на мај лани, индустриското производство бележи пораст од 6,1 проценти во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, додека опаѓање има во рударство и вадење камен од 3,6 проценти и во преработувачка индустрија од 2,6 проценти.

Најголемо влијание врз падот на индустриското производство има намалувањето во одделите: производство на електрична опрема, производство на машини и уреди, како и производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Во рамки на преработувачката индустрија, намалување е забележано во повеќе сектори, меѓу кои: производство на прехранбени производи, пијалаци, тутунски производи, текстил, облека, хемикалии и хемиски производи, фармацевтски производи, метали, фабрикувани метални производи, електрична опрема, машини и уреди и моторни возила.

Според главните индустриски групи, во мај годинава во однос на мај лани, пораст има кај енергијата за 6,5 проценти и интермедијарните производи за 3,4 проценти, додека пад е забележан кај капиталните производи за 3,3 проценти, трајните производи за широка потрошувачка за 1,1 процент и нетрајните производи за широка потрошувачка за 8,4 проценти.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести