Прв македонски филм номиниран за ЕМИ: „Приказната за Силјан“ со две номинации за најпрестижните ТВ награди

Документарниот филм „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска испиша нова страница во историјата на македонската кинематографија, со две номинации за 78. Emmy Awards (ЕМИ), најпрестижните награди во светската телевизиска индустрија.

Ова е првпат македонски филм да биде номиниран за ЕМИ, со што успехот на „Силјан“ добива историско значење не само за Македонија, туку и за документарниот филм во регионот.

Филмот е номиниран во категоријата Исклучителна вредност во документарното филмско творештво (Exceptional Merit in Documentary Filmmaking), една од најзначајните документарни категории на ЕМИ, која препознава дела со исклучителна авторска, уметничка и општествена вредност.  

Втората номинација е во категоријата Извонредна кинематографија за неиграна, односно документарна програма (Outstanding Cinematography for a Nonfiction Program), признание за визуелната моќ на филмот и за кинематографијата на Jean Dakar, која ја претвора интимната приказна за човекот, природата и преживувањето во силно филмско искуство.

Со овие две номинации, „Приказната за Силјан“ продолжува да го носи македонскиот документарен филм на светската мапа, од големите фестивалски подиуми до една од најпрестижните награди во телевизиската индустрија.

Свеченото доделување на 78. ЕМИ ќе се одржи на 14. септември оваа година во Peacock Theater во Лос Анџелес, додека наградите во креативните категории, Creative Arts Emmy Awards, ќе бидат доделени на 5 и 6. септември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како се создаваше приказната за „Силјан“, македонскиот кандидат за Оскар: Од украдени материјали, до снимки од луѓе со штркови пред кооперација

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести