Македонските функционери од Вреди биле задржани на граница поради сопатник кој имал проблем со документацијата, велат од албанската Царинска управа

Kоординаторот на пратеничката група на владејачката Вреди, Беким Ќоку, пратеникот на Вреди, Аднан Азизи и заменик-генералниот секретар на македонската Влада, Хасим Муртезани, вчера биле задржани на граничниот премин со Албанија, Ќафасан, поради четврто лице, кое патувало заедно со нив, соопштија денеска албанските царински власти.

Според албанската Царинска управа, лицето имало проблеми со патната документација и поради таа причина, не можело да му биде дозволено да влезе во Албанија.

Според албанските царински власти тројцата македонски функционери имале право да ја преминат границата, но тие одлучиле да не го продолжат своето патување и се вратиле по своја слободна волја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гаши бара разјаснување зошто пратениците на Вреди биле задржани на границата Ќафасан

Македонските функционери од Вреди биле задржани на граница поради сопатник кој имал проблем со документацијата, велат од албанската Царинска управа

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести