Гаши бара разјаснување зошто пратениците на Вреди биле задржани на границата Ќафасан

Претседателот на Собранието Африм Гаши изрази загриженост во врска со информациите за постапувањето кон пратениците во македонското Собранието на граничниот премин со Албанија, Ќафасан.

„Пратениците се избрани претставници на граѓаните и носители на уставен мандат. Поради тоа, секое постапување што го засега нивниот авторитет и нивната функција треба да биде во согласност со највисоките стандарди на почит и достоинство што им припаѓаат на избраните претставници на народот.

Имајќи ги предвид традиционално добрососедските, а пред сѐ братските односи меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, верувам и очекувам целосно и транспарентно разјаснување, кое ќе придонесе не само за целосно утврдување на околностите на овој случај, туку и за зачувување на меѓусебната доверба, институционалната почит и духот на соработка што треба да ги карактеризира нашите односи,“ вели Гаши во реакцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонските функционери од Вреди биле задржани на граница поради сопатник кој имал проблем со документацијата, велат од албанската Царинска управа

Тројца македонски функционери, кадри на Вреди, поради сопатник задржани на граничниот премин со Албанија, Ќафасан

Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести