Ана Виткова од страна на собраниската Комисија за избори и именувања, денеска едногласно беше номинирана за член на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со отпад (РКЕ).
За позицијата имаше уште еден кандидат – Александар Велјановски.
Виткова е дипломиран правник со положен правосуден испит и доктор на правни науки, а претходно извршувала функции на државен советник и била советник на премиерот за правни прашања, а учествувала и во проекти од областа на енергетиката.














