(Видео) Полицаец од Чашка пукал со огнено оружје на семејна прослава

Полицаец од Полициската станица за граничен надзор Чашка заработи кривична пријава од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи (МВР), бидејќи на семејна прослава пукал со огнено оружје.

Станува збор за лицетот З.Р., кое како што информираа од МВР заработил кривична за “предизвикување општа опасност“, а истата е поднесена до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, односно специјализираното Одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција.

Инцидентот се случил на 22.05.2026 година во дворот на неговата семејна куќа, во присуство на поголем број лица, а тој испукал повеќе истрели од огненото оружје со што предизвикал опасност за животот и телото на присутните.

Против него ќе биде поднесен и предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина, а ќе биде суспендиран од должност до завршување на дисциплинската постапка.

Фото: Унсплеш/видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести