За што беше обвинет таткото на Вања, на кого повторно ќе му се суди

На таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, Александар Ѓорчевски, ќе му се суди повторно, откако Апелацискиот суд Скопје ја укина неговата ослободителна пресуда донесена лани во јуни.

Тој во случајот кој ја згрози македонската јавноста, а кој освен за киднапирањето и убиството на девојчето, се однесуваше и на убиството и киднапирањето на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, беше обвинет само во делот за нејзиното киднапирање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апелација ја укина ослободителната пресуда за таткото на Вања Ѓорчевска, за другите обвинети ја потврди доживотната казна затвор

За што беше обвинет

Според обвинението, тој беше обвинет дека им помогнал на другите обвинети во киднапирањето на неговата ќерка, односно давал информации за времето кога таа излегувала за да оди на училиште.

Како се однесуваше на судењето

Тој во текот на судењето се однесуваше емотивно, плачеше и го негираше тоа.

Тврдеше дека не ги познава другите обвинети – Љупчо Палевски Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, на кои пак Апелација им ги потврди доживотните казни затвор.

Дека во случајот бил инволвиран Палчо, рече дека дознал дури вечерта кога бил задржан во полициска станица, а имињата на другите ги слушнал дури на почетокот од судскиот процес.

Неговиот адвокат тврдеше дека обвиненијата се неосновани и дека токму тој, со насоки од полицијата, помогнал во обезбедувањето на видео снимките од системот „Безбеден град“, кои ја насочија истрагата.

Мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, пак сведочеше дека тој од првиот момент бил убеден дека станува збор за киднапирање и дека не можел да се помири со тој факт.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести