Силни инвестиции и оперативна извонредност: EOS Group завршува успешна деловна година

EOS Group ја заврши деловната 2025/26 година со силни финансиски резултати, рекордно ниво на инвестиции и значајни достигнувања во областа на одржливоста, потврдувајќи ја својата позиција како еден од водечките европски инвеститори во професионалното управување со побарувања, информираат од таму.

Компанијата во текот на годината инвестираше една милијарда евра во портфолија на побарувања, го зголеми оперативниот профит и доби златен медал од EcoVadis за своите ESG практики, со што се вброи меѓу најодржливите компании во светот, посочуваат од таму.

Во деловната 2025/26 година, оперативната добивка пред камати, даноци и амортизација (EBITDA) на EOS Consolidated достигна 464 милиони евра, што претставува раст во однос на 460,8 милиони евра остварени во претходната година. Во исто време, приходите на Групацијата се зголемија за 1,4 проценти и достигнаа 1,1 милијарда евра, што дополнително ја потврдува стабилноста на нејзиниот деловен модел и континуираниот раст на европските пазари.

-Клучен двигател на овие резултати беа инвестициите во портфолија на побарувања. EOS Consolidated во текот на годината инвестираше вкупно една милијарда евра во необезбедени и обезбедени побарувања, како и во REO портфолија, односно портфолија на недвижен имот што преминал во сопственост на компанијата. Ова е зголемување за повеќе од 20 проценти во споредба со претходната деловна година, кога инвестициите изнесуваа 826,6 милиони евра, велат од таму.

Најголем дел од инвестициите беа реализирани во Франција, Германија, Португалија, Полска и Романија, а EOS дополнително го прошири своето присуство преку стекнување клучни портфолија и на помалите пазари, меѓу кои Македонија, Словачка, Бугарија и Белгија.

„Постигнавме втор највисок обем на инвестиции во историјата на EOS Group, веднаш по рекордната 2022/23 година. За европските банки, EOS Group е доверлив партнер за продажба на нивните портфолија на нефункционални кредити (NPL), а ова е потврда за довербата што ја градиме со финансиските институции ширум Европа“, изјави Марвин Рамке, главен извршен директор на EOS Group.

Во Западна Европа, EOS Group дополнително ја зацврсти својата пазарна позиција, при што приходите достигнаа 318,9 милиони евра, што е раст од 6,6 проценти во споредба со претходната година. Во овој регион беа инвестирани 382,8 милиони евра во портфолија на побарувања, пред сè благодарение на значителните инвестиции во портфолија на необезбедени побарувања во Франција и Португалија.

Источна Европа остана еден од најважните двигатели на растот на Групацијата. Во регионот беа остварени приходи од 372,8 милиони евра, додека инвестициите во портфолија на побарувања достигнаа 361,6 милиони евра, што претставува зголемување од 16 проценти во однос на претходната година. Деловната година беше одбележана со значајни аквизиции на портфолија на нефункционални кредити во Полска, Романија, Бугарија и Грција.

Централна Европа и натаму е регионот со највисоки приходи во рамките на EOS Group, достигнувајќи 376,2 милиони евра. Инвестициите во портфолија на нефункционални кредити и недвижности се зголемија на 256,3 милиони евра, при што најголеми аквизиции беа реализирани во Германија. Компанијата истовремено ја зајакна својата конкурентска позиција во Словачка и Словенија преку аквизиција на портфолија на необезбедени побарувања и инвестиции во премостувачки кредити.

-Присуството на повеќе од 20 европски пазари продолжува да биде една од најголемите конкурентски предности на EOS Group. Географската диверзификација овозможува поголема отпорност на компанијата во услови на променлива економска и геополитичка средина, но и подобра распределба на ризиците. Воедно, размената на знаење и искуства меѓу локалните експерти овозможува развој на иновативни решенија што се применуваат на ниво на целата Група, велат од таму.

„Нашиот фокус на различни пазари ја прави компанијата поотпорна и обезбедува поширока распределба на ризикот. Истовремено, размената меѓу нашите локални експерти ни овозможува да развиваме иновативни решенија за целата Група“, изјави Ева Гривел, главен финансиски директор на EOS Group.

Технологијата останува еден од главните двигатели на развојот на компанијата. EOS стратешки ја применува вештачката интелигенција за автоматизација на повторливите процеси, а континуирано го унапредува и сопствениот софтвер за управување со побарувања Kollecto+, кој веќе се користи во 13 земји и обезбедува мерливи подобрувања во ефикасноста на работењето, посочуваат од таму.

-Покрај финансиските резултати, компанијата бележи и значаен напредок во областа на одржливоста. За EOS, одговорното работење е составен дел од целиот синџир на вредност, почнувајќи од стекнувањето на нефункционални побарувања до изнаоѓање одржливи решенија кои им овозможуваат на клиентите да се ослободат од долговите и повторно да постигнат финансиска стабилност. Како признание за успешно спроведената ESG стратегија, по бронзениот медал освоен претходната година, EOS Holding во деловната 2025/26 година беше наградена со златен медал од EcoVadis. Со ова признание, компанијата денес се вбројува меѓу првите пет проценти од најодржливите компании во светот и меѓу првите три проценти во својата индустрија.

Годишниот извештај и Извештајот за одржливост на EOS Group нудат сеопфатен увид во финансиските резултати, инвестициите, технолошкиот развој и достигнувањата на компанијата во областа на одржливото работење, велат од таму.

EOS Group е водечки инвеститор во професионално управување со побарувања со повеќе од 50 години искуство и присуство на повеќе од 20 пазари. Компанијата применува современи технологии и обезбедува финансиски решенија за банкарскиот сектор, недвижностите, телекомуникациите, е-трговијата и бројни други индустрии. EOS Group вработува повеќе од 6.000 луѓе и е дел од Otto Group.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести