Друштвото за меѓународен транспорт и шпедиција ЖАС АД Скопје продолжува да работи со загуба и се уште е со блокирана сметка од извршител.
Како што информираа од таму преку Македонската берза во првите шест месеци од годинава Друштвото остварило загуба од 34.778 денари.
Остварените вкупни приходи изнесуваат 42.645 денари и истите во однос на претходниот период бележат пoраст.
-Истите се остварени со наплата по Решение од извршител, велат од таму.
Рaсходите изнесуваат 16.654 денари и се состојат од банкарски трошоци и трошоци за ревизија.
-Истите бележат пораст во однос на претходниот период, велат од таму.
Друштвото веќе подолг период е во загуба, а како што велат од таму, неговата иднината е во значајна неизвесност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЖАС продолжува да работи со загуба














