Нови случаи на Западно-нилската треска во Македонија

Годинава, заклучно со 27. јули, во Македонија се регистрирани вкупно осум случаи на Западно-нилска треска, информираа од Институтот за јавно здравје.

Од регистрираните случаи, а согласно дефиниција на случај, седум се водат како потврдени, а еден како веројатен.

Регистрирани се шест автохтони случаи од Скопје и Велес и еден случај од Скопје со историја на патување во Грција, но инкубацискиот период покрива и престој во Македонија.

Од регистрираните случаи, седум се машки, а едно е женско лице.

Најголем дел се лица на возраст над 60 години – шест, а две се лица на возраст од 50-59 години.

Сите регистрирани случаи во 2026 година се кај лица кај кои е регистрирана невроинвазивна инфекција и сите биле хоспитализирани.

Кај пет се јавиле симптоми во јули

Почетокот на симптомите кај најголем дел од заболените – пет е регистиран во месец јули. Кај два случаи почетокот на симптомите е во месец јуни, а кај еден случај во месец мај.

Западно-нилската треска за прв пат во Македонија е регистрирана во 2011 година.

Во периодот од 2011 година до крајот на 2025 година, регистрирани се вкупно 54 лабораториски потврдени случаи.

За истиот период, регистрирани се пет смртни случаи асоцирани со оваа болест.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како да препознаете симптоми на Западно-нилска треска по каснување од комарец

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести