Од 1. август поскапува парното во Скопје

Од 1. август поскапува парното во Скопје, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Цената се зголемува за 5,96% за граѓаните кои се греат на парното со кое управува ЕСМ Снабдување, за тие што се греат на ЕСМ Еенергетика поскапувањето е 5,18%, а за корисниците на Енерго Еколог (поранешно Скопје Север), цената се зголемува за 3,65%.

Според пресметките на РКЕ за просечен стан од 60 метри квадратни зголемувањето на цената ќе биде околу 140 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести