Унгарски „Икарус“ и официјално го доби тендерот за 150 електрични автобуси, првите треба да стигнат најдоцна до јануари

Заедничката понуда на унгарската компанија Икарус и австриската ЕВН и официјално победи на тендерот за набавка на 150 електрични автобуси, од кои 100 се за Град Скопје, а остатокот за други градови низ државата.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски за телевизијата Сител информираше дека завршил рокот за жалби, со што оваа понуда е финалниот избор на повторениот тендер.

Автобусите треба да ги испорача Икарус, а ЕВН, станиците за полнење.

Николоски најави дека Скопје ќе ги добие првите 30 автобуси до декемри годинава или најдоцна во јануари.

Останува уште да се потпише договорот со двете компании.

Според тендерот планирано е сите 150 автобуси да бидат испорачани во рок од 18 месеци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е унгарската компанија Икарус, која заедно со ЕВН повторно има најповолна понуда за набавка на 150. електрични автобуси

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести