Компанијата „Икарус“ избрана на тендер за набавка на 100 нови еколошки автобуси за Скопје

Компанијата „Икарус“ во соработка со ЕВН Македонија, е избрана на тендер за набавката на 100 нови еколошки автобуси за градот Скопје, информираше градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

„Ова е историски чекор кон сериозна обнова на возната флота на ЈСП „Скопје“ и почеток на нова ера во јавниот градски превоз – помодерен, почист, побезбеден и подостоинствен за скопјани.

Избрана е компанијата „Икарус“, во соработка со ЕВН Македонија.

Од денес започнува десетдневниот рок за жалби, по што следуваат потпишувањето на договорот и почетокот на процесот за испорака на автобусите во Скопје,“ вели Ѓорѓиевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести