Попова Кула со намалена добивка во првата половина од годинава

Во првата половина од годинава друштвото за производство и промет винарска визба Попова Кула АД Демир Капија остварило добивка од 1.033 илјади денари, соопштија од таму преку Македонската берза.  

Споредено со претходната година, добивката на Друштвото е намалена за 692 илјади денари.

Друштвото има остварено вкупни оперативни приходи од 14.829 илјади денари. Споредено со истиот период лани, овие приходи се зголемени за 697 илјади денари.

Оперативните расходи се зголемени за 1.435 илјади денари споредено со истиот период лани.

-Ова зголемување на расходите во однос на минатата година во најголем дел се должи на зголемените трошоци за суровини споредбено со минатата година, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како работела лани Попова кула

Фото: Попова Кула

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести